Фудбал

Севиља испрати богата понуда за Столе Димитриевски

Севиља испрати богата понуда за Столе Димитриевски

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски влезе во последните месеци од договорот со Рајо Ваљекано и веќе слободно може да преговара со други клубови.

Најсилен интерес за Димитриевски покажува Севиља, која му нуди договор со плата од 2 милиони евра по сезона, открива „Ел Чирингито“.

Тоа е многу поголема сума од сегашниот договор на Димитриевски со Рајо според кој заработува 800.000 евра по сезона.

To top