Фудбал

Санчо се враќа во Манчестер Ј.?

Санчо се враќа во Манчестер Ј.?

Англискиот фудбалер Џејдон Санчо би можел да добие втора шанса во Манчестер Јунајтед доколку клубот го назначи Џејсон Вилкокс за нов директор за фудбалски опрерации.

Вилкокс го познава Санчо и има доверба во него. 24-годишниот играч од средниот ред моментално е на позајмица во Борусија Дортмунд.

Токму од германскиот клуб тој замина во „црвените ѓаволи“, но не само што не успеа да се наметне, туку по конфликт со менаџерот Ерик тен Хаг беше отстранет од тимот.

Санчо мина неколку месеци без фудбал, пред да се врати во вицешампионот на Бундеслигата на позајмица во јануарскиот преоден рок и полека да ја враќа познатата форма.

To top