Фудбал срцев удар

Почина Бреме, стрелецот на голот вреден трофеј за Германија на СП во 1990 година

Во текот на кариерата Бреме играше за Кајзерслаутерн, Интер, Баерн, Сарбрикен и Сарагоса.

Почина Бреме, стрелецот на голот вреден трофеј за Германија на СП во 1990 година

Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен, Андреас Бреме почина на 63 години. Стрелецот на победничкиот гол за Германија во финалето на Светското првенство во 1990 година доживеа срцев удар.

Според Билд, Бреме починал синоќа. Тој бил хоспитализиран, но не можел да се спаси.

Во текот на кариерата Бреме играше за Кајзерслаутерн, Интер, Баерн, Сарбрикен и Сарагоса.

Како германски репрезентативец го освои Светското првенство во 1990 година, постигнувајќи го победничкиот гол во финалето против Аргентина (1:0).

To top