Фудбал шок

Ова не се случило 20 години – Бразил не успеа да се пласира на ОИ

Фудбалската репрезентација на Бразил, првпат по 20 години, не успеа да се пласира на Олимписките игри.

Ова не се случило 20 години – Бразил не успеа да се пласира на ОИ

Фудбалската репрезентација на Бразил, првпат по 20 години, не успеа да се пласира на Олимписките игри.

Селекцијата составена од играчи до 23 години е поразена од Аргентина со 1:0 во решавачкиот натпревар на турнирот што претходните денови се одигра во Каракас.

Така Аргентинците, на кои исто така им беше неопходна победа, обезбедија место во Париз. Заедно со Аргентина во Париз ќе патува и Парагвај.

Тоа е епилогот од олимписките квалификации за десетте јужноамерикански селекции кои се бореа за две олимписки визи.

Решавачкиот гол за Аргентина го постигна Гондо во 78. минута.

Тоа беше прва победа на Аргентина во групата во која се натпреваруваа четири селекции, а Бразил го забележа вториот пораз по оној од Парагвај (0:1).

Бразилците единствената победа ја забележаа против Венецуела (2:1).

Претходно десет екипи беа поделени во две групи по пет екипи. Двете најдобри од двете групи формираа нова група, во која меѓусебните дуели го донесоа крајниот епилог.

Така, сосема изненадувачки, двократниот олимписки шампион нема да настапи на Игрите во Париз.

Последен пат такво нешто се случи пред точно две децении.

Инаку, Бразил освои некој од медалите на претходните четири олимписки турнири – бронза во Пекинг 2008 година, сребро во Лондон 2012 година и злато во 2016 година во Рио и 2020 година во Токио.

To top