Фудбал

Напаѓач на Бордо во кома по судир со глави со противнички фудбалер (ВИДЕО)

Напаѓач на Бордо во кома по судир со глави со противнички фудбалер (ВИДЕО)

На натпреварот од Втората лига на Франција меѓу Бордо и Генгамп имаше страшен призор откако во судир со глави со противнички фудбалер, настрада играчот на домашниот Алберт Елис.

Напаѓачот од Хондурас доби тежок удар и остана да лежи на тревата по што мораше да му биде укажана помош, а потоа беше префрлен в болница во Бордо каде е ставен во индуцирана кома и извршена му е операција на главата.

Судирот се случи во 34. секунда од мечот кога на Елис налета противничкиот играч Донатиен Гомис. На фудбалерот на Бордо осум минути му беше укажувана помош по што е изнесен на носилки од стадионот.

To top