Фудбал

Фудбалерот на Бордо е пробуден од кома

Фудбалерот на Бордо е пробуден од кома

Фудбалерот на Бордо, Алберт Елис, е разбуден од вештачка (индуцирана) кома во која беше ставен поради тешката повреда на главата со која се здоби за време на мечот со Генгамп

„Среќни сме што можеме да поделиме охрабрувачки вести: Алберт е буден и се чини дека постепено закрепнува. Со големо внимание ќе го следиме неговиот напредок во лекувањето“, стои во соопштението кое го објави семејството на фудбалерот.

Елис се повреди при судирот со играч на Генгам за време на нивниот дуел и ноќта меѓу саботата и неделата беше опериран поради тешките повреди на главата и беше ставен во индуцирана кома.

To top