Фудбал специјалниот

Мурињо во јуни се враќа во Премиерлигата?

Трансфер „бомба“ во најава

Мурињо во јуни се враќа во Премиерлигата?

Англиските медиуми денеска излегоа со интересна информација дека на крајот на тековната сезона ќе има нова тренерска „бомба“ во Премиер лигата. Имено, договорот на Жозе Мурињо со Рома истекува на крајот од оваа сезона, а преговорите за продолжување на соработката се уште не се започнати, па се погласни се шпекулациите кои го поврзуваат португалскиот стратег со други клубови.

Медиумите во Англија објавија дека Њукасл сериозно ја следи ситуацијата и сака да го доведе Жозе Мурињо на клупата за следната сезона. Еди Хау, актуелниот менаџер на тимот, ќе остане на функцијата до крајот на сезоната, по што на негово место ќе дојде Мурињо. Њукасл е клуб во подем, има богати сопственици кои на Португалецот ќе му понудат сериозен трансфер буџет.

Како и Њукасл, Мурињо се поврзуваше и со клубови од Саудиска Арабија, каде минатото лето имаше понуди кои би можеле да го направат најплатен менаџер во историјата на фудбалот. Меѓутоа, тој ги одби. Сега останува да се види дали Њукасл има доволно провокативен план за да го привлече „Специјалниот“ повторно да се врати на Островот.

To top