Фудбал Селекторот по мечот со Италија

Милевски: Играта во првиот дел и резултатот воопшто не ме радуваат

Милевски: Играта во првиот дел и резултатот воопшто не ме радуваат

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија Благоја Милевски даде коментар по натпреварот во Рим кој заврши со резултат 5-2 за противникот. Не беше задоволен од изданието, посебно од првиот дел кога нашиот национален тим прими три гола.

„Кога ќе примиш четири од пет гола од прекини значи не си бил фокусиран. Првиот дел не одигравме како што замислувавме, но по измените во второто полувреме одигравме доста добро. Не успеавме да изедначиме, а тоа што се отворивме не чинеше уште два гола. Не сум задоволен од начинот на кој одигравме во првото полувреме, но и резултатот“, изјави Милевски.

Италијанците ги интересираше и зошто Елмас побара измена и дали тоа било од незадоволство.

„Елиф сам побара измена бидејќи падна на физички план и не се чувствуваше подготвен да го доврши мечот. Се гледа дека му недостига минутажа во клубот и се надевам дека ситуацијата во клубот ќе се промени, бидејќи тој тоа го заслужува со начинот за кој игра во клубот“, заврши Милевски.

 

To top