Фудбал „Todofichajes“

Меси на Барселона ѝ го препорача Скалони

Во недела, 28 јануари, тренерот на Барселона, Чави објави дека ќе ја напушти функцијата на крајот од сезоната 2023/24. 

Меси на Барселона ѝ го препорача Скалони

 Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси ја советувал Барселона да го ангажира селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, објави „Todofichajes“.

Свое мислење во корист на аргентинскиот стручњак на состанокот со каталонското раководство искажал и поранешниот репрезентативен дефанзивец Хавиер Маскерано. Договорот на Скалони со националниот тим е до крајот на 2026 година.

Претходно беше објавено дека Меси се скарал со Скалони по поразот од Уругвај (0:2) во квалификацискиот натпревар за СП 2026 година, но конфликтот не влијаел на нивниот однос.

Во недела, 28 јануари, тренерот на Барселона, Чави објави дека ќе ја напушти функцијата на крајот од сезоната 2023/24.  (МИА)

To top