Фудбал

Мануел Нојер го продолжи договорот со Баерн Минхен

Мануел Нојер го продолжи договорот со Баерн Минхен

Германскиот голман и капитен на Баерн, Мануел Нојер го продолжи договорот со тимот од Минхен, соопштија од клубот.

На 28 октомври, Нојер се врати на теренот по десетмесечна пауза откако ја скрши ногата додека скијаше.

Баерн и Нојер го продолжија договорот на уште една година.

„По долго отсуство поради повреда, се вратив. Многу ми е забавно што сум на теренот со овој тим. Сигурен сум дека заедно со навивачите можеме да постигнеме некои големи цели“, изјави Нојер

To top