Фудбал изненадување

Луис Суарез по скоро една година се враќа во репрезентацијата на Уругвај

За Суарез ова е прв повик во мандатот на Марсело Биелса кој репрезентацијата ја презема во мај по Светското првенство во Катар каде што Уругвај беше елиминиран уште во групната фаза. На Мундијалот Уругвајците не успеаа да ја поминат групата во која беа уште Португалија, Јужна Кореја и Гана.

По скоро една година, Луис Суарез кој е најдобар стрелец во историјата на уругвајската репрезентација се враќа во националниот тим.

За Суарез ова е прв повик во мандатот на Марсело Биелса кој репрезентацијата ја презема во мај по Светското првенство во Катар каде што Уругвај беше елиминиран уште во групната фаза. На Мундијалот Уругвајците не успеаа да ја поминат групата во која беа уште Португалија, Јужна Кореја и Гана.

Последниот натпревар пред овој повик Суарез за Уругвај го одигра против Гана на 2-ри декември и во него Уругвајците славеа победа од 2:0.

Во овој момент тој се наоѓа во одлична форма во бразилското првенство каде што постигна 14 гола, па токму затоа и Биелса се одлучи да го повика.

foto: EPA-EFE/Ricardo Rimoli

To top