Фудбал по мечот со Арсенал

Клоп: Мора да ја научиме лекцијата

Клоп: Мора да ја научиме лекцијата

Ливерпул и Арсенал одиграа без победник 1-1 во дерби соочувањето вo 18. коло во Премиер лигата.

Двете екипи се претставија во одлично светло, одиграа динамичен натпревар во кој погодоците паднаа во првото полувреме преку Салах и Габриел,

Во вториот дел најубавата шанса ја пропушти Трент Александер Арнолд кој само ја погоди рамката од голот на Раја. Тренерот на „црвените“, Јирген Клоп го пофали противникот порачувајќи дека е воодушевен од тоа колку е силен, но во исто време порача дека се надева дека неговите играчи ќе ја научат лекцијата кога е во прашање завршницата на акциите.

-„О, боже, колку се силни? Добрата вест е дека и ние сме добри. Во ваков натпревар, тешко е да се прими гол во раната фаза по прекин, особено со брзината на Арсенал. Ама натпреварот што го одигравме, како го започнавме второто полувреме, требаше да постигнеме гол. Додаваме наместо да шутираме, четири или пет пати го правиме тоа, тоа е лекција. Но генерално играта беше одлична, – порача Јирген за „ BBC Match of the Day“.

Теми на денот

To top