Фудбал најмлад играч со 40 гола во лш

Гвардиола: Го сакаме Халанд, не само поради неговите голови

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, уште еднаш го пофали Ерлинг Халанд кој пред два дена постави рекорд. Норвешкиот фудбалер најбрзо постигна 40 гола во Лигата на шампионите.

Гвардиола: Го сакаме Халанд, не само поради неговите голови

– Повторно? Дали треба да го направам ова повторно? Веќе милиони пати кажав дека сум навистина импресиониран од Халанд. Уште еден рекорд. Секоја чест. Тој е фантастичен играч. Ние сме многу, многу среќни. Го сакаме не само поради головите што ги постигнува, туку и поради многу други работи, изјави Гвардиола за „Goal“.

Дваесет и тригодишниот Халанд го постигна својот 40. гол во Лигата на шампионите на натпреварот против Лајпциг (3:2), кој се одигра на 28 ноември. Тој стана и најмладиот играч кој постигнал 40 гола на турнирот.

Вкупно, Норвежанецот оваа сезона на 20 натпревари за Манчестер сити постигна 19 гола и четири асистенции.

To top