Фудбал

Гвардиола: Дуелите меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид стануваат фудбалска класика

Гвардиола: Дуелите меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид стануваат фудбалска класика

Менаџерот на актуелниот европски шампион Манчестер сити, Пеп Гвардиола, изјави дека дуелите меѓу неговиот тим и Реал Мадрид стануваат фудбалска класика.

Реал Мадрид и Манчестер Сити трета година по ред ќе играат во нокаут-фазата во Лигата на шампионите, е сезонава ќе се сретнат во рамки на четвртфиналето од елитното клупско натпреварување.

„Пред две години, Реал Мадрид не елиминира, минатата сезона ние го елиминиравме Реал и нашите дуели стануваат голема фудбалска класика. Сега ние имаме нови играчи, Реал го промени начинот на игра – не радикално, но сепак има промени и затоа мислам дека сега ќе имаме поинакви мечеви“, изјави Гвардиола.

Тренерот на европскиот шампион е свесен дека најголема опасност за него ќе претставува напаѓачкото триумф Винисиус жуниор, Џуд Белингам и Родриго.

„Сите знаат за нивната сила во транзиција и мораме да се обидеме да ги запреме, да ги казниме нивните грешки и да покажеме дека дојдовме да даваме голови. Ќе се обидеме да го наметнеме нашиот стил на игра и мора да дадеме се од себе ако сакаме да му се спротивставиме на Реал во Мадрид“, изјави Гвардиола на вечерашната прес-конференција.

To top