Фудбал рехабилитацијата ќе биде долга

Гави успешно опериран

Гави успешно опериран

Шпанските медиуми јавуваат дека талентираниот Гави е успешно опериран и наскоро се очекува да започне долгиот процес на рехабилитација.

Ѕвездата на Барселона доживеа тешка повреда на последниот квалификациски натпревар против Грузија, а сега е веќе извесно дека паузата за него ќе биде многу долга.

Гави го напушти теренот по само 26 минути игра и беше јасно дека е сериозно повреден, а потоа беше потврдено дека се работи за кинење на вкрстените лигаменти и повреда на менискусот.

Младиот талент сигурно го пропушта остатокот од сезоната, а болката да биде поголема, нема да може да настапи ниту на следните два големи турнира – Европското првенство и Олимписките игри.

To top