Фудбал Димарко потекнува од академијата на Интер

Федерико Димарко во Интер до 2027

Италијанскиот фудбалски репрезентативец, Федерико Димарко го продолжи денеска договорот со актуелниот лидер во Серија А, Интер, до 2027 година.

Федерико Димарко во Интер до 2027

Димарко потекнува од академијата на Интер за кој дебитираше во декември 2014, на 17-годишна возраст.

Продолжи како позајмен играч во Асколи и Емполи, по што мина една сезона во швајцарски Сион, пред Интер повторно да го позајми на Парма и Верона.

Во дресот на Интер, 26-годишниот Димарко постигна девет голови на 83 натпревари, а од лани е и италијански репрезентативец.

To top