Фудбал доста е од фудбал

Фабио Кваљарела објави крај на фудбалската кариера

Фабио Кваљарела објави крај на фудбалската кариера

Италијанскиот фудбалер, Фабио Кваљарела објави крај на кариерата откако во изминатите неколку месеци не успеа да пронајде ангажман по заминувањето од Сампдорија.

40-годишниот Кваљарела беше слободен играч откако му заврши договорот со Сампдорија, но не доби ниту една понуда која што би го мотивирала да продолжи, па така се збогуваше со играњето фудбал.

„Принуден сум да престанам да играм. Слободен агент сум, но и свесен дека мојата физичка форма е далеку од посакуваното ниво. Завршувам со играњето и сега треба да размислам каков ќе биде мојот следен чекор во животот “, објави Кваљарела.

Во кариерата Кваљарела одигра 565 натпревари во Серија А и постигна 182 гола како член на Сампдорија, Удинезе, Наполи, Торино и Јувентус.

Теми на денот

To top