Фудбал Лил

Реал и ПСЖ влегуваат во жестока битка за Лени Јоро

„Парижаните сакале да го ангажираат 18-годишниот Французин за време на зимскиот преоден рок, но ништо од тоа“ – соопшти изворот.

Реал и ПСЖ влегуваат во жестока битка за Лени Јоро

Дефанзивецот на Лил, Лени Јоро би можел да се пресели во Реал Мадрид или ПСЖ, пренесе „Релево“.

Според изворот, парижаните сакале да го ангажираат 18-годишниот Французин за време на зимскиот преоден рок, но ништо од тоа. Шпанските газди одржуваат близок контакт со опкружувањето на играчот.

Оваа сезона, 18-годишниот Јоро одигра 36 натпревари на кои постигна 3 гола. Договорот на дефанзивецот со неговиот сегашен тим е до крајот на јуни 2025 година.

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 40 милиони евра.

To top