Фудбал

Брегот на Слоновата Коска е шампион на Африка

Брегот на Слоновата Коска е шампион на Африка

Репрезентацијата на Брегот на Слоновата коска е шампион на Африканскиот куп на Нации! Во финалето „слоновите“ како домаќини ја совладаа Нигерија после пресврт со 2-1, и така се закитија со континенталната титула.

Нигерија имаше предност со голот на Трост Еконг во 38. минута, и на полувремето замина со водство. Меѓутоа во вториот дел пресврт на БСК водена од своите навивачи.

Кеси во 62. минута успеа да донесе израмнување на задоволство на трибините, а Себастијан Халер е херојот на Брегот на Слоновата коска, со гол во 81. минута успеа да ја донесе титулата за својата репрезентација.

To top