Фудбал си остана каде што и припаѓа

Анчелоти: Преговарав со Бразил, горд сум на нивниот интерес

Анчелоти: Преговарав со Бразил, горд сум на нивниот интерес

Карло Анчелоти стави крај на шпекулациите за неговата иднина со тоа што го продолжи договорот со Реал Мадрид.

Претходно долго време се шпекулираше дека ќе биде селектор на Бразил, а во еден момент голем дел од бразилските медиуми пишуваа дека двете страни веќе се договориле.

Но, откако Анчелоти го продолжи договорот со Реал, јасно беше дека нема ништо од неговата селекторска работа во Бразил, иако Италијанецот призна дека бил во преговори за преземање на клупата.

To top