Фудбал ретко кога го гледаме лут

Анчелоти: Ова е нешто без преседан, судијата направи грешка

Анчелоти: Ова е нешто без преседан, судијата направи грешка

За поништениот гол на Белингeм во судиското надополнување долго ќе се зборува.

Имено, Хесус Хил Манзано означи крај на натпреварот само неколку секунди пред англиската ѕвезда да ја затресе мрежата, за победа на Реал, по што почна гужвата. Полуде и Белингам кој заработи црвен картон, а целата ситуација ја искоментира и тренерот на Реал Мадрид, КАрло Анчелоти.

„Тоа беше нешто без преседан. Ова не ми се случило досега.Да досудеше крај на натпреварот кога голманот на Валенсија ја изби топката, тогаш ќе беше во ред, но тој ја пушти играта и ние го добивме поседот. Мислам дека прекинот на играта во тој момент беше грешка“, изјави Италијанецот.

To top