Фудбал 116-та победа за Италијанецот

Анчелоти го собори рекордот на Фергусон по број на победи во натпреварите во Лигата на шампионите

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти постави нов рекорд во Лигата на шампионите по бројот на победи во натпреварите на елитното натпреварување.

Реал Мадрид синоќа ја совлада Брага (3:0) во натпреварот од 4. коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Оваа победа беше 116-та за Анчелоти како тренер во елитното фудбалско натпреварување.

Шеесет и четиригодишниот Италијанец го собори рекордот на поранешниот тренер на Манчестер јунајтед, Алекс Фергусон (115 победи).

Легендарниот Фергусон се повлече од тренерската работа во 2013 година.

To top