Познати Ужас

ТРАГЕДИЈА: Холивудски актер и неговите мали ќерки загинаа во авионска несреќа

На видеото снимено од случаен минувач се слушаат звуци на страшна несреќа заедно со извик:  „Авионот се урна! Јавете се на крајбрежната стража!“.

ТРАГЕДИЈА: Холивудски актер и неговите мали ќерки загинаа во авионска несреќа

Славниот актер Кристијан Оливер (51) загина кога авионот со кој леташе со семејството се урна.

Американскиот актер кој глумеше во Индијана Џонс и филмот „Speed ​​​​racer“ загина заедно со своите две ќерки, на возраст од 10 и 12 години, во авионска несреќа на Карибите.

Заедно со Оливер и неговите деца загинал и пилотот на авионот.

Страшната несреќа се случила во четвртокот околу пладне, во близина на брегот на мал остров на Карибите.

Локалните извештаи велат дека тој пристигнал на Карибите со децата на 26-ти декември по снимањето.

Само два дена пред смртта, Оливер објави видео на тропска плажа со натпис: „Нека владее љубовта. Ви посакувам се најдобро во 2024 година“.

Групата наводно била на пат кон Сент Лусија кога нивниот авион се урнал веднаш по полетувањето од аеродромот.

На видеото снимено од случаен минувач се слушаат звуци на страшна несреќа заедно со извик:  „Авионот се урна! Јавете се на крајбрежната стража!“.

Во декември 2021 година, актерот поднесе барање за развод од неговата поранешна сопруга, новинарката од Лос Анџелес, Џесика Муроз.

Најнови вести од Познати

To top