Познати Рекордер

Славниот актер има 10 ДЕЦА со 5 жени: Го смири оваа дама, 18 години е помлада од него

Иако неговиот начин на живот ги уверуваше сите дека нема да се смири, тоа го направи во 2012 година кога имаше 50 години.

Славниот актер има 10 ДЕЦА со 5 жени: Го смири оваа дама, 18 години е помлада од него

Познатиот актер го држи рекордот по бројот на деца меѓу познатите татковци. Има десет наследници кои ги добил од пократки или подолги врски со пет различни жени.

Иако неговиот начин на живот ги уверуваше сите дека нема да се смири, тоа го направи во 2012 година кога имаше 50 години. Со својата свршеница, со која се смири, тој синоќа се појави на премиерата на филмот „Candy Cane Lane“ во Лос Анџелес. Бидејќи настанот беше полежерен од другите премиери, тој го замени и смокингот со спортско-елегантно издание.

Еди Марфи (62) на црвениот тепих носеше едноставни панталони и јакна, додека неговата вереница Пејџ Бучер (44) беше во провокативен  фустан и чизми до колена.

Познатиот комичар е во врска со актерката речиси деценија ипол. Еди Марфи го дочека своето десетто дете во 2018 година, а второто дете со свршеницата Пејџ Бучер. Тогаш се роди нивниот син Макс, а двојката ја има и ќерката Изи (7).

Со поранешната сопруга Никол, Марфи ги има ќерката Брија (33), синот Мајлс (30) и ќерките Шејн (28), Зола (23) и Бела (21). Со Полет Мекнили го доби синот Ерик (33). Тој го има синот Кристијан (32) со Тамара Худ и ќерката Енџел (16) со Мел Б.

Најнови вести од Познати

To top