Познати Тоа било нивна тајна

Шабан го криел вонбрачниот син од сопругата, но не и од детето: Тајно ги запознал Михајло и Роберт, па имал една наредба

Роберт никогаш не се разоткрил, но во една прилика откри каков однос имал со Шабан, но и со семејството.

Шабан го криел вонбрачниот син од сопругата, но не и од детето: Тајно ги запознал Михајло и Роберт, па имал една наредба

Кралот на народната музика Шабан Шаулиќ трагично загина во сообраќајна несреќа на 17 февруари 2019 година во Германија.

Зад себе ги остави сопругата Гордана, синот Михајло, ќерките Илда и Санела и внуци. Меѓутоа, пред неколку години во јавноста се појави информација дека има и вонбрачен син Роберт.

Роберт никогаш не се разоткрил, но во една прилика откри каков однос имал со Шабан, но и со семејството.

-Го запознав брат ми Михајло на концертот на татко ми во Калемегдан, каде ме покани да дојдам да се дружиме. Михајло трчаше наоколу и во еден момент кога му реков: „Тато, да те прашам…“, Михајло збунето го праша Шабан: „Како те вика тато?“ Тој момент ќе го паметам цел живот! Тој потоа не прегрна двајцата и му рече на Михајло: „Како што сум ти татко, така сум и за него, само што немаш иста мајка“. „Никогаш не смееш да кажеш на мама Гоца дека си го запознал брат ти и тоа е нашата тајна што мораме да ја чуваме“, рекол тогаш Роберт и додал:

– И навистина, Михајло сиве овие години молчеше. Можеби и до ден денес ништо не и кажал на Гоца. Подоцна го прашав татко ми кога се гледавме дали Михајло и ја кажал тајна на Гордана, тој ми рече дека никогаш не кажал ни збор. После тоа, ги видов само брат ми и сестра ми во капелата на погребот на нашиот татко, раскажа тој.

Според медиумите, Шаулиќ го добил Роберт на 18 години и редовно плаќал алиментација до неговото полнолетство, што наводно го потврдил тогашниот менаџер на пејачот.

Најнови вести од Познати

To top