Познати

Прослава во домот на Александра Пријовиќ: Пејачката сподели среќна вест, овој ден има посебно значење (ФОТО)

Прослава во домот на Александра Пријовиќ: Пејачката сподели среќна вест, овој ден има посебно значење (ФОТО)

Денеска е еден од најголемите празници во домот на пејачката Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ. Нивниот син Александар го слави својот петти роденден.

Прија на својот Инстаграм објави фотографија од роденденското момче како држи балони во форма на срца и ѕвезди, како и бројот пет.

Малиот Александар ја придружуваше мајка си на балканската турнеја, а на сцената ѝ се придружуваше на речиси секој концерт.

Да потсетиме, Пријовиќ откри дека едвај чека повторно да забремени и дека посакува девојче.

Би сакала мало девојче. Мислам, најважно е детето да е живо и здраво и да биде се’ како што треба. Но, кога би можела да избирам, би сакала девојче – искрено одговори Александра во емисијата на Цеца Ражнатовиќ.

Најнови вести од Познати

To top