Познати избор на магазинот Пипл

Познатиот актер прогласен за најсексапилен маж на светот за 2023 година

-Драго ми е што тоа се случува во овој момент од мојот живот. Убаво е да се има ова признание, изјави 57-годишниот актер.

Актерот Патрик Демпси е прогласен за најсексапилен маж на годината од страна на магазинот People.

Поминаа речиси две децении откако Патрик Демпси се појави на малите екрани како неврохирургот Дерек  Шепард во „Вовед во анатомија“ на ABC.

Тој во текот на годините безброј пати ги красеше страниците на овој магазин, а сега ја носи ласкавата титула за најсекси маж на светот.

-Драго ми е што тоа се случува во овој момент од мојот живот. Убаво е да се има ова признание, изјави 57-годишниот актер.

Демпси ужива и во улогата на семеен човек. Со сопругата Џилијан (57), шминкерка и основач на сопствената линија за убавина, тој има три деца: Талула (21) и 16-годишните близнаци Саливан и Дарби. Актерот е познат и по својата страст кон возење тркачки автомобили.

Најнови вести од Познати

To top