Познати Детето се родило на почетокот на декември

Популарната пејачка стана мајка: Марија Шерифовиќ доби син (ВИДЕО)

Марија Шерифовиќ доби бебе, ексклузивно објави порталот „Блиц“. Српската пејачка која победи на „Евросонг“ има син од сурогат мајка.

Популарната пејачка стана мајка: Марија Шерифовиќ доби син (ВИДЕО)

Детето се родило на почетокот на декември и го доби името Марио.

Шерифовиќ се одлучила за ова име поради неговата силна симболика-доаѓа од латинскиот збор „mare“ што значи море, како и „марем“ што го претставува мажјакот или главата на семејството, пишува „Блиц“.

Пејачката и самата ја сподели радосната информација на социјалните мрежи.

„Љубовта ми пристигна. Небото го осветли најубавата ѕвезда во мојот живот. Се роди Марио. Сине, животот нека те води низ своите најубави патеки, а јас со својата љубов ќе те чувам од тагата и од луѓето. Ви благодарам на сите што праќате љубов и нека тивко и топло биде сè она што доаѓа од вас кон него“, напиша таа под видеото.

Најнови вести од Познати

To top