Познати

Пејачот има 72, таа 43 години: Харис и Мелина Џиновиќ се разведуваат поради тоа што никогаш не се согласија околу една важна работа

Пејачот има 72, таа 43 години: Харис и Мелина Џиновиќ се разведуваат поради тоа што никогаш не се согласија околу една важна работа

Мелина и Харис Џиновиќ се разведуваат. Еден од најпознати естрадни парови на Балканот, Харис и Мелина Џиновиќ решија да стават точка на деценискиот брак.

Иако емотивната врска ја започнаа во 2002 година и имаат две деца, синот Кан и ќерката Џина, тие се венчаа 12 години подоцна.

– Мелина и Харис се одлучија за спогодбен развод, бидејќи нивната врска веќе некое време не оди добро. Тие ја донесоа најдобрата можна одлука за нив и нивните деца во моментов. Харис веќе се иселил од нивната вила во Сењац, а Мелина останала таму со децата. Процесот на развод е во тек, а подоцна ќе се утврди како ќе се распредели имотот меѓу нив – открил за Пинк.рс добро упатен извор близок до семејството Џиновиќ.

Иако важеа за хармонична брачна двојка, како што пишуваат тамошните медиуми, тие за една работа никогаш не успеале да се согласат, а тоа е начинот на воспитување на децата. И додека нивниот син Кан не се експонираше јавно, ќерката Џина е многу активна на социјалните мрежи каде објавува многу провокативни фотографии, а на Харис тоа никогаш не му се допаѓаше и не издржа.

Инаку, љубовната приказна на популарната пејачка и познатата модна дизајнерка започна во 2002 година, кога Мелина беше трета година на студии. Нивните емоции веднаш се разгореа, а иако не сакаат да зборуваат за приватниот живот, Харис во едно од ретките интервјуа призна дека „едноставно се нашле“. Како што признала години подоцна, Мелина без многу размислување започнала врска со Харис. Двајцата се венчаа по 12 години љубовна врска, а својата вечна љубов ја ветија во 2014 година на луксузна јахта, закотвена во близина на Дубровник.

Мелина ги потврди наодите:

– Разберете ме, не би зборувала на таа тема. Ви благодариме за разбирањето – рече таа.

Најнови вести од Познати

To top