Познати „Ќе соработувам на нови песни“

Нејзината насмевка кажува сè: Теа Таировиќ во прегратка на најпосакуваниот ерген од Грција, еве што беше најавено (ФОТО)

Теа со широка насмевка во елегантен фустан позираше покрај еден од најубавите и најпосакуваните ергени во Грција, Никос.

Нејзината насмевка кажува сè: Теа Таировиќ во прегратка на најпосакуваниот ерген од Грција, еве што беше најавено (ФОТО)

Теа Таировиќ, една од најпопуларните млади изведувачи на целиот Балкан, се дружеше со еден од најдобрите грчки композитори Киријакос Пападопулос и најголемата машка грчка ѕвезда, пејачот Никос Вертис.

Имено, Киријакос, кој е и еден од најбараните и најдобрите грчки композитори, беше домаќин на Теа на настапот на Никос во Атина.

Не сакајќи да се крие, Пападопулос се сликаше со Теа и Никос и заедничките фотографии ги сподели на својот Инстаграм профил.

Во описот на објавата имаше само убави зборови за Теа, но најави и нивна заедничка соработка.

-Вчера излеговме на настапот на Никос Вертис со Теа Таировиќ, неверојатна и топ 1 пејачка во Србија, со која ќе соработувам на нови песни, напиша Кирјакос.

Теа со широка насмевка во елегантен фустан позираше покрај еден од најубавите и најпосакуваните ергени во Грција, Никос.

Најнови вести од Познати

To top