Познати

Македонската модна креаторка и нејзиниот турски избраник како во турска серија: Ива Спасовска и Бурак Биркан лани во мај се верија, а сега се разделија!

Македонската модна креаторка и нејзиниот турски избраник како во турска серија: Ива Спасовска и Бурак Биркан лани во мај се верија, а сега се разделија!

Турските серии се омилени и кај нас и во регионот, а нивната содржина во многу што наликува на вистинските случки од животот, ама и животот очигледно неретко наликува на турска серија.

Како поинаку да се протолкуваат муабетите и приказните кои кружат во естрадно-модните кулоари дека македонската модна дизајнерка, Ива Спасовска и нејзиниот турски избраник Бурак Биркан со кого лани се верија, сега се разделија!?

Имено, по двегодишната љубовна романса нашата дизајнерка се вери во Париз, а веста самата ја сподели со своите пријатели и следбеници на социјалните мрежи, откако нејзиниот партнер, Турчинот Бурак Биркан помпезно ја побара нејзината рака пред Ајфелова кула.

Романтичните фотографии проследени со сите салтанати осамнаа не само на социјалните мрежи туку и по мноштвото македонски портали, а љубопитноста на чаршијата достигна кулминација, каква ли венчаница ќе облече на денот на свадбата кумановската дизајнерка, која креираше венчаници за многу други познати Македонки?

И кога сите беа речиси убедени дека тој ден воопшто не е далеку откако Ива Спасовска кажа ДА среде градот на светлината и љубовта, почетокот на 2024-тата започна со веста за љубовната хаварија!

Македонската дизајнерка и нејзиниот турски избраник како во турска серија, ја раскинале веридбата!? Кој ја потегнал разделбата, дали „пресекол“ вереникот или модната дизајнерка нему „му земал мерка“, останува да знаат само тие двајцата и мал круг од најблиските околу нив. Причините само се нагаѓаат иако чаршијата „гласно шепоти“ дека во прашање се наводните „швалерски излети“ на несудениот младоженец!

Дали е тоа така или се сосема поинакви мотивите зa „љубовниот црв на раздорот“, засега не го имаме одговорот?

Како и тоа дали ќе го врати или задржи вереничкиот прстен, некои велат дијамантски или истиот ќе заврши продаден за пари кај некој од скопските златари?

Во јавноста за вистината за раскинот на свршувачката засега кружат само шпекулации и нагаѓања, кои Ива Спасовска останува да ги потврди или демантира иако едно е сигурно и нема дилема: Заедничките фотографии со вереникот на нејзините профили „магично исчезнаа“ и повеќе ги нема!

Извор:Вистина.мк

Најнови вести од Познати

To top