Познати Ќе боледува подолго време

Кејт Мидлтон хоспитализирана: Принцезата имала операција, се огласија од палатата

Таа се надева дека јавноста ќе ја разбере нејзината желба да ги задржи личните медицински информации во тајност.

Кејт Мидлтон хоспитализирана: Принцезата имала операција, се огласија од палатата

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон заврши во болница и се наоѓа во лондонска клиника по абдоминална хирургијаа, соопшти денеска палатата.

Таа за последен пат се појави во јавноста за време на божиќната прошетка во Сандригам каде беше со другите членови на британското кралско семејство.

„Нејзиното кралско височество принцезата од Велс, вчера беше примена во лондонска клиника за планирана операција на абдоменот. Операцијата беше успешна и се очекува таа да остане во болница 10 до 14 дена пред да се врати дома и да продолжи со закрепнувањето. Врз основа на сегашните совети на докторот,  најверојатно нема да се врати на јавните обврски пред Велигден“, се вели во соопштението.

Понатаму за состојбата на Кејт Мидлтон се наведува: „Принцезата од Велс го цени интересот што ќе го предизвика оваа изјава. Таа се надева дека јавноста ќе ја разбере нејзината желба да ги задржи личните медицински информации во тајност.

Најнови вести од Познати

To top