Познати Македонска музика

Каде ќе пеат македонските музички ѕвезди за дочекот на најлудата ноќ: Лозано, Тамара и Владо во Скопје, ДНК во Охрид

Покрај Лозано, гостите ќе ги забавуваат и девојките од женскиот бенд „К4“, кои ќе бидат задолжени да ги пеат најголемите домашни и регионални хитови.

Каде ќе пеат македонските музички ѕвезди за дочекот на најлудата ноќ: Лозано, Тамара и Владо во Скопје, ДНК во Охрид

Има уште два дена до дочекот на најлудата ноќ, во која ќе ја испратиме старата, а ќе ја дочекаме новата 2024 година.

Понудите за прослава на оваа ноќ се многубројни, а една од најатрактивните е онаа каде настапува една од нашите најголеми музички ѕвезди – Влатко Лозаноски – Лозано.

Популарниот пејач заедно со неговиот бенд ќе ги забавуваат гостите во ексклузивниот хотел „Bocca Di Lupo“ во Скопје, каде ќе одржи тричасовен концерт.

Покрај Лозано, гостите ќе ги забавуваат и девојките од женскиот бенд „К4“, кои ќе бидат задолжени да ги пеат најголемите домашни и регионални хитови.

Тамара Тодевска ќе настапи во познатиот музички бар „Интермецо“, но со почеток во 14 часот, Владо Јаневски ќе ги забавува гостите во ресторанот „Рагуза 360“, додека пак ДНК ќе ги забавуваат многубројнит туристи во Охрид.

Најнови вести од Познати

To top