Познати

И ПОРАНЕШНИОТ НА ТАМАРА ТОДЕВСКА ИМА НОВА ДЕВОЈКА – Мачка ја „ќари“ Едина Муса, заедно ја дочекаа Новата година во овој македонски град (ФОТО)

И ПОРАНЕШНИОТ НА ТАМАРА ТОДЕВСКА ИМА НОВА ДЕВОЈКА – Мачка ја „ќари“ Едина Муса, заедно ја дочекаа Новата година во овој македонски град (ФОТО)

Новата 2024 година започна интересно… И мошне љубовно? Или сепак тоа е само старо пријателство, кое навидум само изгледа како да е нова љубов?

Како и да е, една заедничка фотографаија објавена на Инстаграм и тоа кај обата субјекта предизвика ерупција од муабети, претпоставки, озборувања и нагаѓања и во естрадните и во спортските кругови, па и кај пошироката јавност. На неа бившиот сопруг на пејачката Тамара Тодевска, Александар Димитровски – Мачка и нашата кошаркарска, бодибилдерка и мис фитнес убавица Едина Муса, заедно еден до друг во прилично интимна атмосфера, па и поза, може да се каже. Зашто спуштената рака на русокосата под масата во ресторанскот дел на најпознтиот белградски кабаре клуб во стилот: „Допрни ми колено“… или што ли веќе друго, колку што е јавно дозволено, во многу што наликува дека не е во прашање само обичен пријателски обед. Впрочем и изразот на лицата на обајцата кои блескаат од среќа, кажува дека можеби тука има „некоја тајна врска“…

Колку и да не е потребна квалификација, коментар или наслов на сликата, како што и самата Едина напишала во описот, некако очигледно е дека во „пописот на претпоставки“ онаа љубовната варијанта најверојатно ќе се оствари и излезе дека е точна.

Тамара веќе оддамна јавно го покажа новиот љубовник со кој изглед среќна, па тогаш зошто и Мачка не би имал нова „мачка“? И тоа каква, ако навистина Александар Димитровски и Едина Муса се повеќе од само блиски пријатели отсекогаш, односно нови љубовници… засекогаш? Како и што впрочем русокосата убавица во својата новогодишна желба посакува евентуалната љубов да трае до крајот на животот, во дополнително објавеното стори на Инстаграм!

Мачка и Едина ги спојува спортот, односно кошарката во која се или биле активни обајцата, па затоа и претходно во Белград заедно беа на дерби натпреварот помеѓу кошаркарските ривали Црвена Звезда и Партизан.

Патем обајцата слободни, без љубовно – брачни обврски, што значи дека покрај кошарката слободно можат да ги разменат не само спортските интереси туку и споделат чувствата и емоциите.

Впрочем, Александар и Едина и новата 2024 година ја дочекаа заедно во родната Гевгелија на Мачка.

Како и да е, набргу времето ќе покаже дали Александар Димитровски – Мачка и Едина Муса се блиски пријатели уште од некогаш или нови љубовници, чија љубов ќе трае… можеби засекогаш?

Најнови вести од Познати

To top