Познати Диета

Деа Ѓурѓевиќ ослабе 30 килограми: Тројца доктори направија посебно мени, еве што јаде водителката

Водителката откри како ја одржува линијата.

Деа Ѓурѓевиќ ослабе 30 килограми: Тројца доктори направија посебно мени, еве што јаде водителката

Водителката на Пинк, Деа Ѓурѓевиќ ненадејно се здебели по страшната несреќа која ја имаше во 2019 година, а потоа откри како успеала да ослабе цели 30 килограми.

Како што истакна водителката, сега е задоволна од својот изглед.

-Се мерев додека ослабев 30 килограми, а потоа престанав да се мерам. Не знам дали после тоа повеќе ослабев или качив некој килограм, единствено ми е важно да можам пак да ги закопчам фармерките. Сега конечно повторно носам мала големина и среќна сум, изјавила Деа.

Водителката откри како ја одржува линијата.

-Се трудам да јадам ограничена количина на храна и да не јадам мрсна храна. Многу е тешко човек да се контролира, но најчесто успевам. Исто така, одамна не сум вечерала, а ако се случи нешто навечер да јадам, избирам да биде салата. Тројца доктори ми направија посебно мени, кое го следев година ипол. По сообраќајната несреќа наеднаш се здебелив, а кога почнав да се хранам здраво, килограмите почнаа да се топат и се чувствував подобро, изјавила тогаш Деа.

Таа открила каков бил нејзиниот начин на исхрана.

-За појадок имав двопек, сирење или јајца и сезонска салата. Мојот ручек се состоеше од варена храна и риба, а за вечера имав месо на скара. Обично имав едно јаболко за ужина. Сега го проширив менито, па внесувам и некои други намирници, само се трудам да не претерувам, истакна водителката.

Најнови вести од Познати

Теми на денот

To top