Музика

„Најдобар одговор е оној со песна“: Слушнете што порача Антониа Гиговска после долгата пауза! (ВИДЕО)

По долгиот „молк“, Антониа вчера се врати во полн сјај со најновата песна на српски јазик „Брига ме“ и одговори на многу од прашањата кои стигаа на нејзина адреса изминатиот период…

„Најдобар одговор е оној со песна“: Слушнете што порача Антониа Гиговска после долгата пауза! (ВИДЕО)

Помина скоро една година откако младата поп-ѕвезда Антониа Гиговска предизвика турбуленции на македонската музичка естрада со нејзиниот приватен живот, а пред неколку месеци таа ја оствари и најважната улога во својот животот – стана мајка.

По долгиот „молк“, Антониа вчера се врати во полн сјај со најновата песна на српски јазик „Брига ме“ и одговори на многу од прашањата кои стигаа на нејзина адреса изминатиот период…

„Јас секоја твоја пцовка ја бројам, срами се, срами се и црно баш убаво ми стои, те жалам, те жалам“ – вака би бил преводот на дел од стиховите“ – а што сакаше Антониа со ова да порача и на кого, проценете вие.
Песната како што кажавме е на српски јазик, а музиката и аранжманот за истата ја направи познатиот Дарко Димитров, додека текстот е дело на Виолета Михајловска Милиќ.

Исто така, „прашина“ крена и видеоспотот за песната на кој режисер е одличниот Томислав Живковиќ, во кој Антониа можеме да ја видиме во неколку различни и смели изданија…

Ова е само почеток од она што допрва следува од Антониа и нејзиниот тим, а со оваа песна таа се врати и на живите настапи по пауза од неколку месеци…

To top