Живот и Стил

ТРЕТ ДЕН БОЖИЌ – на Св. Стефан ова никако не смеете да го фрлите од домот

ТРЕТ ДЕН БОЖИЌ – на Св. Стефан ова никако не смеете да го фрлите од домот

На третиот ден од празникот Божиќ светата православна црква го празнува споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан.

Тој е наречен првом аченик затоа што тој прв настрадал за Христовата вера. Веднаш по слегувањето на Светиот Дух во Ерусалим била формирана христијанска општина, биле избрани седум ѓакони да се грижат за сиромасите, за болните, старите, вдовиците и да ги делат подароците што христијаните ги давале на црквата.

Најстар во тие седум ѓакони бил Стефан поради што бил наречен архиѓакон.

(Именден празнуваат: Стефан, Стефанка, Стефанија, Фанија, Фанка, Стојан, Стојанка, Стојмен, Стоичко…)

Еднаш мноштво Евреи, фарисеи и садукеи се расправале за Исус Христос. Едни тврделе дека е вистински син Божји, други дека е пророк, трети дека е изма мник. Тогаш се замешал Стефан кој инспиративно зборувал за Исус Христос напомнувајќи дека во него не веруваат само лошите луѓе. Посрамотените противници што не можеле на Стефан да му се спротивстават со факти веднаш го наклеветиле пред насобраниот народ дека ги навредувал Мојсиевите закони.

Разгневениот народ поверувал на лажните обвиненија и на лажните сведоштва. Го изнесле Стефана надвор од градот и го кам енувале. Уми рајќи тој се молел на Бога за себе си, но и за тие што го уб иле. Во претсм ртниот час извикал: „Господе, не земај им го ова за грев.“ Народот што го каменувал Стефана му ја соблекол белата облека и му ја дал на едно момче по име Савле да ја чува. Тоа момче, во тоа време жесток противник и прогонувач на христијаните, подоцна со името Павле, станало најголем приврзаник и афирматор на христијанството. Христијаните го зеле телото на Стефана и достојно го погре бале во близината на Ерусалим.

Култот на св. Стефан е стар колку и самата Христова црква, зашто тој е почитуван исто колку и апостолите. Уште светиот апостол Павле него го нарекува маче ник Христов. Култот особено пораснал по наоѓањето на неговите мошти и нивното пренесување во Цариград. Преданието вели дека пренесувањето на моштите на св. Стефан во Цариград било за време на владеењето на Константин Велики и за време на патријархот Митрофан. Животните што ја влечеле колата во кои биле моштите на св. Стефан на едно место одеднаш застанале и со човечки глас рекле: „Зошто нè тепате? Светецот треба да биде поставен овде!“ Царот веднаш на тоа место подигнал црква посветена на првомаченикот.

И во црковните песни и проповеди св. Стефан се нарекува: прв, врв на маче ништвото, почеток на маче ништвото, прв во мачен ичката фаланга итн.

Народот го празнува Свети Стефан на 9. I./27.XII, а тоа е третиот ден од празникот Божиќ. Тогаш се оди на именден кај Стефановци, но сите песни, верувања и обичаи што се изведуваат на овој ден се поврзани со Божик.

Првома ченику Христов и апостолу, со добар подвиг си се подвизавал и си го изобличил безбоштвото на мачи телите. Бидејќи со камења беше уб иен од рацете на беззакониците, прими венец од Десницата што е во височините, а на Бога Му се молеше, извикувајќи: Господи, не замај им го ова за грев!

Најраспространет обичај во минатото за Свети Стефан бил да се изнесе сламата од куќата поради нејзината плодотворна моќ. Претходно сламата внимателно се метела и се собирала, се оставала во шталата, во овоштарникот или меѓу пчелите за да го поттикне родот или напредокот.

Според обичаите, жените требало да ја изнесат сламата надвор од куќата и тоа многу тивко за да не се слушне како заминува Божик. Некои од нив метлата со која ја метеле сламата не ја користеле цела година туку ја чувале заради подобро здравје.

To top