Занимливости еве каде одат парите

Милион ипол евра за среќа од Фонтаната ди Треви, минатата година била рекордна

Оваа традиција датира од антички Рим, кога монетите се фрлале во водата да се смират боговите на водата, подоцна официјално е воведена од германскиот археолог Волфганг Хелбиг со цел да ги убеди сите оние кои биле тажни бидејќи го напуштат градот, да фрлат паричка за да се вратат повторно назад.

Милион ипол евра за среќа од Фонтаната ди Треви, минатата година била рекордна

Фонтаната ди Треви е едно од најпосетуваните места во Рим. Нема турист кој не сака да го посети, а можеби и да фрли паричка за среќа, бидејќи тоа е традиција. Дали некогаш сте се запрашале каде завршуваат монетите фрлени во таа фонтана и колку монети се собираат секоја година? Минатата година била рекордна – од римската фонтана се собрани повеќе од милион ипол евра.

Вработените во „Ацеа“, претпријатието за водоснабдување и струја на градот Рим, три до четири пати неделно собираат монети кои случајни минувачи, граѓани на Рим, но најмногу туристи, за среќа ги фрлале во Фонтаната Треви.

Оваа традиција датира од антички Рим, кога монетите се фрлале во водата со цел да се смират боговите на водата, подоцна официјално е воведена од германскиот археолог Волфганг Хелбиг со цел да ги убеди сите оние кои биле тажни бидејќи го напуштат градот, да фрлат паричка за да се вратат повторно назад.

Многу туристи кои доаѓаат во овој град сакаат да бидат дел од таа традиција, која е толку вкоренета што дури и лидерите на Г-20, кога беа во Италија во 2021 година, со тогашниот премиер Марио Драги на чело, фрлија паричка во фонтаната.

-Не можете да го посетите Рим без да ја посетите оваа фонтана, тоа е задолжително, изјави претседателот на римската добротворна организација „Каритас“ Џустино Тринча.

-Фрлив паричка, ќе видиме дали ќе донесе среќа или пак ќе се вратам во Рим, изјавил еден турист.

Малкумина Италијанци знаат дека сите пари што се собираат неколку пати неделно од фонтаната веќе 15 години одат во „Каритас“, хуманитарна организација во Рим, а дека годинава се собрани рекордни 1,6 милиони евра, кои ќе им помогнат на сиромашните жители на главниот град.

-Кога ќе ги одземеме трошоците за собирање на монетите, што е некаде околу шест отсто од вкупната сума, остатокот оди кај две илјади семејства кои добиваат топол оброк во народните кујни. Минатата година послуживме 53.000 оброци, а оние на кои им е потребна помош добиваат посебни картички со кои можат да пазарат во пет специјализирани супермаркети, додаде Тринча.

Монетите од фонтаната се собираат така што прво се туркаат со голема четка на едно место, а потоа се вшмукуваат со помош на голема цевка. После тоа ги ставаат во вреќи кои рачно ги запечатуваат и ги носат во магацин. Таму се мијат и се сортираат по вредност, по што се делат на оние на кои им се најпотребни.

Но, не се фрлаат само монети во фонтаната. Покрај монетите најчесто се наоѓаат алки, има монети од целиот свет кои се одвојуваат, за подоцна да се заменат за евра.

Ако не сте знаеле, правилното фрлање паричка во Фонтаната Треви е да стоите го грбот свртени кон фонтаната, да ги затворите очите и да ја фрлите паричката преку левото рамо со десната рака. Можеби е симболичен гест кој секако е дел од легендата, но на тој начин им помагате на многу луѓе денес.

Најнови вести од Занимливости

To top