Технологија

„Телеграм“ добива неколку промени

Корисниците на Телеграм сега можат да почнат да снимаат со допирање на иконата „преглед еднаш“ за да му овозможат на примачот да ја слуша или гледа пораката само еднаш, пишува Tech Crunch.

„Телеграм“ добива неколку промени

Апликацијата Телеграм воведе голем број ажурирања како што се аудио и видео пораки кои може да се видат само еднаш пред да исчезнат или можност за паузирање на снимањето додека се испраќаат пораки.

Корисниците на Телеграм сега можат да почнат да снимаат со допирање на иконата „преглед еднаш“ за да му овозможат на примачот да ја слуша или гледа пораката само еднаш, пишува Tech Crunch.

Оваа функција е одлична за секој кој сака да испраќа чувствителни податоци или медиумска содржина.

Покрај тоа, Телеграм воведува можност за паузирање и продолжување на снимањето за гласовни и видео пораки преку истото мени.

Компанијата со седиште во Дубаи, исто така, воведува некои нови функции за премиум корисниците, како што е можноста да се скрие времето кога корисникот прочитал нечија порака.

To top