Технологија На 8-ми август

Маск: Тесла ќе го претстави „Роботакси“

Маск со години ветува дека Тесла ќе вози автономно и дека тоа радикално ќе ја промени вредноста на автомобилот и бизнис моделот.

Маск: Тесла ќе го претстави „Роботакси“

Американскиот производител на електрични возила Тесла планира на 8 август да го претстави своето долго ветено самоуправувачко „Роботакси“, објави шефот на компанијата Илон Маск.

Тој не даде други детали во многу кратката објава на „X“.

Според претходните изјави, автономното возило ќе се базира на нова техничка платформа која ќе го направи производството поефикасно и попрофитабилно.

Маск со години ветува дека Тесла ќе вози автономно и дека тоа радикално ќе ја промени вредноста на автомобилот и бизнис моделот.

To top