Технологија

Ако користите Ватсап, Гугл има лоши вести за вас

Ако користите Ватсап, Гугл има лоши вести за вас

Пораките на WhatsApp на Android што ги складирате наскоро ќе се вбројат во вкупниот простор што го имате на располагање на вашата сметка на Google. Како што објави Google на својот блог, оваа промена ќе се применува за корисниците на WhatsApp Beta од декември, а потоа ќе стигне до сите на почетокот на следната година.

Ако одлучите да овозможите „резерви“ на WhatsApp (т.е. резервна копија на WhatsApp) за Android, таа ќе оди на вашата лична сметка на Google и ќе заземе дел од 15 GB што ги добивате доколку не сте купиле дополнителна меморија.

„Создавањето резервна копија сè уште ќе работи, сè додека имате доволно простор за складирање на вашата сметка на Google. Ако ја пополните, ќе треба да избришете нешто за да продолжите да ја користите“, се наведува на Google.

Во соопштението се заклучува дека доколку ви треба дополнителен простор, мора да го купите и дека оваа промена нема да важи доколку имате претплата на Google Workspace.

To top