Технологија повторно проблеми

Паднаа Инстаграм и Ватс Ап

Проблемите почнаа околу 20:00 часот.

Паднаа Инстаграм и Ватс Ап

Корисниците на социјалните мрежи ширум светот известуваат дека Инстаграм и Ватс Ап не работат.

Проблемите почнаа околу 20:00 часот.

Според корисниците, тие имаат проблеми со прикачување на приказни. Проблемот е што приказните на другите корисници се „невидливи“. Некои имаат проблем со најавувањето, корисниците пишуваат на порталот Downdetector.

Ватс Ап не работи во повеќе земји, додека работеше во Костарика, Боливија и Њујорк. Како што наведуваат, функционира, но со проблеми, од моментот кога ќе ја испратите пораката до моментот на достава, поминуваат неколку минути.

Некои корисници потсетија дека и вчера имаше проблеми со Инстаграм, но и пред неполни две недели.

To top