Цели осум месеци Македонија беше раат. Ќефови и убавини. Месеци без најсамодемантирачкиот лик на светската политичка сцена. И пошироко…
Арно ама, ништо што е убаво, не трае вечно, велат старите. Така и со Стево, кој по дебаклот на претседателските избори во мај 2024-та остроумно исчезна од политичката сцена. Со општонародна акламација. Башка, со право, поправо, здравје. Да не се лажеме, по таков резил очекувањата беа дека ќе се исели некаде, во најмала рака ќе се скрие на некој делечен селски вилает, засрамен и далеку од јавноста, од луѓе, од „свет“, та по такво пердашење и газење, никој нормален и со трошка срам не би имал „образ“ пак да се појави. Не па да пледира на нови, високи политички позиции…
Но, не и Стево Пендраковски. А, чуму ПЕНДРАКОВСКИ? Та поради децениската поврзаност со службите, „муабет“ кој во Македонија го „шеруваат“ дури и врапчињата. А „пендрак“ е синоним за знаете што, а секоја сличност со друго презиме е неслучајна. Туку, ви текнува на ликот кој во последен момент не се качи на авион со еден претседател. Аха, да, токму тој…
И така, единствениот македонски граѓанин кој доживеал два катастрофални порази на претседателски избори не додржа да го нема во јавност, не издржа лузерот влезен во историските губитнички анали, оти преовлада пустата, наталожена желба за самопромоција. Небаре, некому фалел…
Излезе, тресна, па пак го снема. Сфатил ли што треснал? Јок, типчето е спонтано, ова му е како добар ден. А, ќе излезе ли по навика да се самодемантира? Тоа обавезно, поинаку и не бива кај Пендраковски, жива класика. Ако не денеска, утре најдоцна, само да смисли некоја глупост за оправдание. Иако, тој е синоним и за „ни Вардар не те пере“..
Ви текнува на човекот кој Гоце го направи Бугарин, та друго мислел ајванот, го ваделе од контекст. Или на оној надобуден прецедник кој беше контра кривичниот законик, па го потпиша ко попче. Претседателчето кое се откажа од пензијата, па си ја гушна ко СДС/ДУИ функционер рушвет, мито и корупција? Истиот оној за кој никој не спомнал Бугари во Устав, па по три дена со две раце потпишуваше укази ко да нема да има утре? Оној речи-поречи, кажи-демантирај, тресни-дотресни, плукни-залепи лик кој со децении така необјасниво вегетира на сцената, лапкајќи високи функции, а никој жив не знае зошто? Е тој, човечето кое ќе го најдете во дефиниција за САМОДЕМАНТ на Википедија, каде првиот избор за дефиниција на поимот треба да е токму тој, Стево…
Или, сепак, ова е само фол? Дали самодемантирачот бараше начин како по 8 месеци илегала да се врати на јавна сцена, оти лоша реклама не постоела, туку само реклама, каква и да е? Шанса на голема врата комуњарската банда од Бихаќка со хипотека кај Сорос да се сети дека е жив? Да им текне колку им е провокативен екс преЦедателот на државата, да се напучи во потесниот избор и први редови за лик кој ќе го смени Фичо по дебаклот кој, дефинитивно, го чека на локалните избори? Го чеша рачето, му се потпишува на човечето, ама многу, а вака немал што. Та што ако бил лузер невиден? Па што ако волшебникот Тарара кој е пет минути добар-пет минути лош, бил олицетворение за карактер и конзистентност во однос на Пендраковски? Таман си е човекот, за кого е, и многу е. Постојан е во непостојаноста, попостојан, здравје…
А, како подобро да се промовираш и да излезеш од илегала ако НЕ лупајќи зелени по оној кој го менува, удира и го ниша светот на кој ти му слугуваш заедно со неолибералната банда од СДС? Како подобро, ако не јадејќи бубрези против ТРАМП, едновремено упикувајќи им се јако на Сорос и компанија, кои плачат, абе „оберучке“ чекаат на такви „храбри“, недоделкани ликови, оние на копче? Па удри со дрва и камења, куди, упикувај се, прави си пат за претседател на СДС. Од кал да е, макар и прв човек на партија во распад. Титула си е титула…
И би она што би, Стево „бриљираше“, тресеше, се правеше паметен, абе едесовски неолиберал за пример. Утка, исто ко поддршката за Камала, ко Фани Сорос за заменик на Венко, ко резултатите од 8-ми мај, ко пресовите на Кузеска, ко фризуритена Лукаревска. Чуму па Пендраковски да погоди нешто и да биде поинаков?
Несфатливо за обичните смртници и Македонци, но таков да ти бил фотороботот за совршен еседесовц. Уткаџија, антинационален џеваџија и послушен на странскиот стопан, сеирџија, така гласен за сите освен Македонија и Македонците. Башка, знаете добро, дека кога службите на кои бандата им слугува од зачетокот решат, тој ќе биде нов прецедник. И точка. А, интрото Стевино е сторено…
Аирлија СДС, одлично ќе ви прилега кандидатов за нов „лидер“, да ве води, ама до дното. До последната ви станица од антимакедонското ви патешествие…
Ќе ви стои, така „саливено“. Она, СИДРОТО што ќе ве влече напред, што би рекол мега-талентот и лидер во сенка Црпко, кој се заситил од Фичо, па сега ќе менувал. По онаа старата, и по Заев, Заев (Таче, Фиќо, Стево)…
П.С.
Се радувал и Бојко. Љубави…