Колумни Кармата е кучка, секогаш...

Артан Црни и Васко Нежни

Прашањето е, кој е следниот? Паѓале кладби, коефициентите летале до небо. Заев, Ахмети, Вице или Дрин? Филипче или Муса? Не, не само за ексклузивитет на „црни листи“, типувале коцкарите на истите тие ливчиња и за нивните афинитети за свирење клавир, пијано ли. Кој ќе победи?

Артан Црни и Васко Нежни

Најарогантниот антимакедонски политикант одјава кон зајдисонцето. Да, од вчера, Артан гордо го носи прекарот Црни („Е zeze“, на албански). Но, кој е следниот? Ова е главната дилема на секој Македонец, кој се’ уште нерасонет со остатоци на блажената насмевка која му ја дари Црната листа за Артан, дозна дека и Васко Нежни, познат како екс директор на Заев, тежок љубовџија и лесен автор/поет на песни за Заев, веројатно ќе свири клавир во Филхармонијата во Шутка.

Вторник ко вторник, ко и секој пазарен ден, ама овој осамна со гратис расположение за граѓаните. Ден кога Груби и Ковачевски во хор свикаа: „Што сум дигал рука во вторник?“ Да, за многумина се оствари дел од долгоочекуваниот ќеф, да „лизне“ еден скопски ДУИ чалам и да трасне уште еден битолски. Голем ќеф за Чкембари и помал за Шверцери…

Арно ама, ова да ти бил саде почеток, интро на приказната за познатата судбина на истрошените сексуални помагала, кои никој ниту на бувљак/канта пазар потоа не ги купува…

Навистина, грубиот Арти и нежниот Васе се одлична комбинација за медиумски атак на сетилата на секој во државата. Вистинска посластица, едниот хулиган и тепач на деца од Калето, другиот лесно заљубив беќар и ужасен поет. Уште полош директор. Црно-бело, кај Груби повеќе од црното, де. Ако не верувате, прашајте ги Американците…

И додека дел од јавноста е во очекување гласот за митото на Арти да стигне до Јавното обвинителство (таму да ти имало нова мега-епидемија на дијареа и инвазија на боледувања во моментов), а другиот дел се прашува дали пребеганиот поет во „иностранство“ ќе знае да свири и на клавир додека рецитира, Македонија продолжува да се ремонтира. Заедно со уништените блокови во РЕК-от, со девастираниот систем, опустошеното здравство, руинираното образование, ничкосаната економија…

Прашањето е, кој е следниот? Ако мислевте дека Груби е недопирлив, после се’ што истрча пустиот за Бехтели и Енки, очебијно е дека „минат труд“ не се важи кај странците, добар сигнал дека нема недопирливи. Ова, велат, дека силно ги разгибало обложувалниците, оние омилени дуќанчиња на поцрнетиот коцкар од Чаир. Паѓале кладби, коефициентите летале до небо. Заев, Ахмети, Вице или Дрин? Филипче или Муса? Не само за ексклузивитет на „црни листи“, типувале на истите ливчиња и за нивните афинитети за свирење клавир, пијано ли. После и усна хармоника. Кој ќе победи?

Да, на три месеца пред неа, пролетта забрзано доаѓа, а македонскиот распарчен систем се регенерира, обновува. Се преродува и државата, онаа што до вчера беше на колена, пресликана од ставот на сервилните и крајно неспособни коленичари на власт, инфантилна банда ќелепури кои мислеа дека ако прифатат се’ што ќе се побара од страна и го верглаат она на „С“ ко улави, ќе се замижи за нивниот арамилак и ултра-неспобност.

Арно ама, за нечија голема жал и мака, демантот полека пристигна, исто ко и правдата. Онаа, која седум години ја заобиколуваше Македонија.

Добредојде, аман, те чекавме со душа во државата во која странските државници од авион ги носевме директно во магацин, за да си најдат сами знамето.  Аирлија листи и клавири, да се множат!

To top