Македонската фудбалска легенда Дарко Панчев е еден од најуспешните фудбалери во историјата на македониксиот фудбал човек и спортист зад своето име и презиме во својата кариера има неверојатни бројки и резултати.
Ју-титула, европска и светска круна, Златна копачка на Европа, Сребрена топка во Светот. се само дел од достигнувањата на популарната „кобра“ од Македонија.
Блесна во Вардар како голобрадо момче со неполни 17 години, за потоа најблескавите моменти во својот живот ги доживее во белградска Црвена Звезда.
Важеше за страв и трепет за противничките голмани, а во својата кариера освен за двата клуба кои ги наведовме настапуваше уште за Интер, Лајпциг, Фортуна Дизелдорф и Сион.
„Јасно е за кого ќе навивам. Црвена Звезда и Вардар каде што пораснав за и за мене значат се. Не само во фудбалот, туку и во животот. Почетоците во Вардар и блесокот, а најубавите фудбалски моменти кои ги доживева беше Црвена Звезда“, започна Панчев.
Во продолжение слушнете го комплетниот разговор кој го направивме со нашата фудбалска легенда.