Свет почит кон загинатите во Газа

Знамињата на зградите на ОН низ Азија се спуштени на половина копје

Знамињата денеска беа спуштени на половина копје пред зградите на ОН ширум Азија, а персоналот беше повикан да оддаде едноминутно молчење за нивните колеги загинати во конфликтот меѓу Израел и палестинското движење Хамас.

Знамињата на зградите на ОН низ Азија се спуштени на половина копје

Сино-белото знаме на ОН беше спуштено во 9:30 часот по локално време во Бангкок, Токио и Пекинг, еден ден откако ОН соопштија дека има „голем број загинати и повредени“ во „бомбардирањето“ на седиштето на Програмата за развој на ОН (УНДП) во Газа.

Инсерти од западни медиуми покажуваат кратер во средината на дворот на училиштето управувано од агенцијата на ОН за палестински бегалци во Беит Лахија, во северниот дел на Појасот Газа.

Агенцијата на ОН во петокот соопшти дека повеќе од 100 нејзини вработени се убиени во Појасот Газа од почетокот на војната.

Израел веќе пет недели немилосрдно ја бомбардира Газа како одговор на нападот на Хамас на 7 октомври на негова територија.

Според израелските власти, во Израел биле убиени околу 1.200 луѓе, главно цивили, а околу 240 се заложници.

Израелските бомбардирања, од воздух, копно и море, предизвикаа најмалку 11.100 жртви, од кои повеќето цивили, според Министерството за здравство на Хамас.

Најнови вести од Свет

To top