Македонија

Чилиманов: На следните избори ќе се решава само кој ќе биде нов претседател на СДСМ, се’ друго е јасно

„Парите од УСАИД се укинати, голем пакет на пари кој веќе не постои, бизнисот од Дубаи не оди како што треба, криптото е паднато, марихуаната ја запленија, така што нервозата е очигледна кај СДСМ“, посочува Чилиманов.

Чилиманов: На следните избори ќе се решава само кој ќе биде нов претседател на СДСМ, се’ друго е јасно

 

СДСМ имаат сериозен проблем со финансирањето, нешто што не беше случај во времето на Шарената револуција кога од различни извори беа испорачани околу 45 милиони евра во Македонија, вели новинарот Цветин Чилманов во „За или против“ на ТВ Алфа со Љупчо Цветановски.

„Парите од УСАИД се укинати, голем пакет на пари кој веќе не постои, бизнисот од Дубаи не оди како што треба, криптото е паднато, марихуаната ја запленија, така што нервозата е очигледна кај СДСМ“, посочува Чилиманов.

Интересен феномен е моментот на СДС приклонување и навивање за опозициски партии од регионот, надевајќи се дека ако победат на избори ќе бидат нивна поддршка во следниот период. Факт кој се покажа како поразителен со Србија, кога дог временески период прес-конференциите на СДС наликуваа на српска опозиција, а кој заврши празително за другарчињата на Филипче со победа на Вучиќ од 10:0. Сега навиваат за унгарската опозиција и користат погруб вокабулар од апртијата на Петер Маѓар и неговата партија Тиса. Веројатно, Унгарците не знаат со какви малери, од кои добиваат поддршка, си имаат работа.

Запрашан, ако вака крајно агресивно и со недоличен воакбулар настапуваат сега, како ќе се однесуваат до следните парламентарни избори за две години, Чилиманов едноставно вели:

„На тие избори ќе се решава само кој ќе биде нов претседател на СДСС, се’ друго е јасно“, посочи новинарот, алудирајќи на очебијната надмоќ на терен на ВМРО-ДПМНЕ, факт кој ги прави извесни резултатите на изборите.

Во превод, по следните избори Заев ќе мора да бара замена за Филипче, кој како Таче Ковачевски пред него, само ја доразруши и ионака девастираната СДС. Во јавноста се шушка дека низ кулоарите на Бихаќка како се поизвесен кандидат на Заев за нов престедател се споменува Јон Фрчкоски, кој не знаел да каже НЕ, е актуелна „прва пушка“ на Венко. Инаку, во јавноста познат под прекарот Шмрчко…

Најнови вести од Македонија

To top