Македонија режим и затворена држава веќе не се купува во Македонија

Јанкуловски за споредбата на Филипче на Македонија со Иран и Венецуела: Повик на очајник кој има проблем со лидерство

Се работи за очаен политичар кој има проблем со самото лидерство во самата партија и генерално во политиката, тој е негов проблем. Меѓутоа, никако да излезат од оној наратив кој го користат со години, или сме режим или сме заробена држава, или друг треба да ни ги реши проблемните. Најчесто се повикуваат меѓународната заедница да дојде и тоа го направи како што го направи за време на шарената револуција па да ни устолични некоја нова Катица Јанева, да тоа го обландира, да го реши проблемот, истакна во гостувањето во емисијата „Се или нешто“ на новинарот Љупчо Цветановски на Алфа телевизија универзитетскиот професор Звонимир Јанкуловски.

Едноставно не се излезени од матрицата која ги донесе таку каде што се денеска, да бидат не релевантен фактор во македонската политика, така што секое нивно појавување повеќе или помалку звучи изветрено, како да го слушате 2014, 2015, 2016, 2017 година само што уште го нема онај историски елемент во нивното појавување, вели професорот Јанкуловски.

-Тоа е прашање на лидерство. Очигледнно криза во лидерство во оваа политичка партија (СДСМ) може да ја однесе таму каде што не е посакувано, односно да ја однесе на маргините на македонската политика каде што ќе треба реформирање, меѓутоа комплетно реформирање, не само на луѓето, туку реформирање на политичката опција затоа што очигледно се изгубени во она идеолошка рамка во која тие мислат дека припаѓаат, иако припаѓаат на една идеолошка рамка од времето кое поминато и за кое имаме некое сеќавање и историја, смета професорот.

Не ме изненадува, пофрорно да се повикува меѓународната заедница „слушајте ние имаме режим“, сите имаме режим помалку или повеќе, меѓутоа да го споредувате со овие држави (Иран, Венецуела) повик е на очајник, човек што не знае што да прави во политика, вели Јанкуловски.

-Има толку работи што можат да ги следат, или оние што му ги пишуваат соопштенијата немаат поим од политика, незнаат во која насока се движи светот, државата, па и ако сакате и владата. Меѓутоа има теми за кои може да поентираат, може да бараат поддршка во комуникација со јавноста. Ова што го прават е токму рециклирање на нешто што е веќе видено, така што режим и затворена држава едноставно веќе не се купува во Македонија, колку сакаат да го верглаат тоа, таа мантра да ја повторуваат, меѓутоа нема почва на која ќе се фати, дециден е професорот Јанкуловски.

Целата емисија погледнете ја во продолжение:

Најнови вести од Македонија

To top