Фаворитот Франција со максимални три победи ги заврши настапите во Ц-групата на Европското ракометно првенство 2026. Триколорите синоќа во дербито на 3.коло ја победија Норвешка во Соло со 38:34. На другиот натпревар од оваа група, Чешка беше убедлива против Украина со 38:29.
Франција со 6 бода го освои првото место, Норвешка со 4 заврши на втората позиција, Чешка собра 2 бода за трето место, Украина без освоен бод е последна.
Многу понеизвесно беше во А-групата каде Германија во последното коло ја совлада Шпанија со 34:32, додека Австрија славеше над Србија со 26:25.
На крајот, Германија е прва со 4 бода, исто толку има и Шпанија на втората позиција, Австрија е трета со два бода, Србија е последна исто така со два бода.
Во следната фаза одат двете првопласирани репрезентации.