Резултатите се резултат на феномени и изворни синдроми, вели Сотир Костов во својата анализа на изборните резултати во „За или против“ со Љупчо Цветановски. Велки дека се е јаСНО И ДЕКА НЕСПОРНИ ПОБЕДНИЦИ СЕ ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ и дека се друго е пуста желба.
-Синдроми се повеќе – СДСМ и ДУИ се политички заразени со победа по секоја цена, ја најавуваа, ја претставуваа напразно, бегаа од реалноста, се покажаа политички ескаписти, значи бегаат, и ги снајде апсолутно неостварување на играта, која е погубна, таа победа по секоја цена. Добија најголеми порази во својата историја. ДУИ е уште позаразена од еден друг синдром, покажување на делот како целина, она кога велат дека нашите цели (на ДУИ) се цели за Македонија, а не е точно, не зборуваат за Македонија, зборуваат за Албанија, за Косово и зборуваат за албанска кауза. Делчето не може да биуде целина. А целина е Македонија. Овојпат ни се случи, „цело е кога има се’“, оценува Костов.
-Го имаме и синдромот на Левица, политичка некултура и вулгаризам. Не на целото членство, на дел од раководството, оние најрепрезентативните членови и на лидерот кој и вчера се закануваше и велеше „Ќе направиме пекол во собранието“, итн. Па и Крмов имаше некој закани. Не можам да ги сфатам тие луѓе. Лично мислам дека Левица е на многу погрешен колосек, посочува аналитичарот…
Првиот феномен е супериорност во одредени општини, вели Костов, во која апсолутно предничи и води ВМРО-ДПМНЕ, зачинето со моќен акционен перформанс со кој се покажаа владејачќките партии.
Втор феномен според него се неважечките ливчиња, 53.000 се такви, т.е. секое 16-то е неважечко, за што треба да се огласат социолозите.
Како посебен феномен, Костов ги издвојува огромните победи во одредени општини, како Илинден со 10:0, Сопиште со 8:0, како и во Кавадарци, Велес и другите. И тука доминира ВМРО-ДПМНЕ.
Тука е и феноменот на „12 величенствени“ тоа се дванесетте најголеми општини, кои сите се освоени од ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ.
-Да не се залажуваме, овие бројки заедно со Град Скопје, кажуваат се’, заклучува Сотир Костов во интервјуто на ТВ Алфа.
Анализата на Сотир Костов во ТВ Алфа: